– Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого, без разлика на име и преземе или функција, рече Тошковски.Во делот на корупцијата, потенцираше дека не молчеле и поднеле кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица за корупција во здравството, енергетика, даночниот систем па дури и безбедносниот систем. Овие коруптивни шеми резултирале со штета на држвата од над 17 милијарди денари.
– МВР има преземено процесни дејствија со кои се надевам дека во иднина ќе се овозможат услови овие пари да бидат вратени на граѓаните, рече Тошковски.Тој најави дека таа борба допрва ќе расте и како што нагласи, секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност.Во однос на сообраќајот рече дека не е задоволен од фактичката состојба.
– Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова еедно од најважните работи на кои работиме, наведе Тошковски, најавувајќи функицоналност преку проектот Безбеден град.