- Не сум запознаен со таков факт, дека некогаш дискотеката е казнета за употреба на нелегална пиротехника, но факт е дека законските одредби предвидуваат дека за да МВР издаде одобрение, согласност, мора прво некој да го побара.
Во конкретната ситуација барање не е доставено од страна на никого, ниту од страна на оние кои ги употребиле пиротехничките средства, ниту од страна на менаџерите на клубот.
Исто како што манипулираат во делот на тоа дека според Законот за јавни собири МВР било должно во рамки на угостителскиот објект да обезбеди вакви или онакви услови.
Факт е дека МВР е должно да го покрие јавниот собир, но во конкретната ситуација не говориме за јавен собир, туку за угостителски објект во чии рамки се организирала одредена забава, каде што МВР не може да ги преземе дејствијата на приватните агенции за обезбедување, кои им се дадени согласно закон.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Канал 5 во ,,Само интервју”.