Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ТОШКОВСКИ : РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО ВО ГОСТИВАРСКО, ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека полицијата го расчистила убиството што попладнево се случи во гостиварско Дебреше, во кое беше застрелан 35-годишник. Приведени се три лица.

„Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р. К. (35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција ‘обрач’ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б. В.(28), Ј. В. (31) и Љ. В. (32)“, информираат од МВР.

Полицијата ја пронашла и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото „волво“ со кое осомничените сторители се оддалечиле од местото. По документирање на случајот, како што додаваат од Министерството, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ