ТОШКОВСКИ : ПРОБЛЕМОТ СО ПАТНИТЕ ИСПРАВИ МОЖЕ ДА СЕ УБЛАЖИ СО ДОБРА ОРГАНИЗАЦИЈА И ПРЕСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

0
264

Панче Тошковски – министерот за внатрешни работи во техничката Влада смета дека проблемот со издавањето на патните исправи може само да се ублажи со добра организација, со соодветно менаџирање и прераспределување на човечките ресурси коишто ги има МВР.

– Може да се подобри ситуацијата како во делот на фотографирање на граѓаните во однос на еден од првите чекори за издавање на патните исрпави, така и во делотт на издавање. Веќе дадов соодветни наредби да се повлечат одреден борј на луѓе од други сектори каде што нема таква потреба, таков хаос и нема таква нужност од постапување, и да се прераспределат во овој дел каде што е алармантна ситуацијата, рече Тошковски во гостувањето на тв Сител.

Нагласи дека луѓето кои ќе бидат прераспределени, ќе треба да поминат соодветна обука од најмалку 7–8 дена за да можат да бидат поставени на тие позиции и да се олесни процесот.

Според него, човечкиот потенцијал којшто го имало Министерството не бил распределен соодветно, а луѓето кои работат во овој сектор, како што вели, биле праќани по казна на спроведување на овие управни постапки.На прашањето дали ќе може да се продложи рокот на личните документи и дали го побарал тоа на денешната средба со грчката амбасадорка Софија Филипиду, министерот Тошковски, наведува дека од страна на амбасадорката му било соопштено дека од страна на нашите институции на повеќе наврати и било наговестено дека нема да го има проблемот којшто го имаме, заради тоа што веќе се издадени 1.250 000 патни исправи.

– Проблемот е овде што не се приоѓа кон проблемите со основната цел, да се решат, туку едноставно стихијно бил оставен системот да функционира како што функционирал. Алармантна е ситуацијата, верувајте ми. Проблемот кај пасошите не е само во фотографирањето и во издавањето, најголемиот проблем е во планирањето. Нам ни требаат некаде најмалку отприлика уште толку пасоши колку што се издадени. Кога го планирале процесот не го планирале според број на државјани на Република Македонија, туку според бројот на ефективно присутни во Република Македонија. Прва катастофална грешка. Многу доцна влегле во процесот на реализација на самиот Договор. И сега од позиција на амбасадор на своја држава нормално дека ќе инсистира на почитување на одредбите од Договорот – вели Тошковски.

За случајот „Онкологија“, прашан дали може да потврди дека меѓу приведените денеска е и поранешниот директор на таа клиника, и дали Обвинителството побарало од него да се распише потерница и дали МВР трага по некои од лицата, поради шпекулации во јавноста дека дел од лицата кои требало да бидат приведени си заминале од државата, техничкиот министер рече дека не може да одговори на тоа прашање.Во конкретниот случај, наведе тој, МВР постапува по наредба на Основното јавно обвинителство, се преземаат сите мерки кои што треба да се преземат, а надлежноста за целиот процес е на ОЈО.

– Сепак, јас настапувам од позиција на министер за внатрешни работи. Шеф на целокупниот процес е ОЈО. Излегоа дадоа образложение, тоа е се што можам да кажам во делот на самиот процес. Единствено што сакам да напоменам е да им се извинам на граѓаните на Република Македонија по втор пат денеска, особено на оние кои што директно биле засегнати со проблемот со Онкологија, во однос на семејствата чии блиски настрадале, на нивните блиски. Никој не заслужува на ваков начин да биде злоупотребен – вели Тошковски.