Вечерва присуствував на шампионското дефиле организирано од Игор Стефановски – Иџе и моторџиите, под мотото „Улиците не се тркачка патека“.
Шампионското дефиле кое започна од авиончето во Ново Лисиче, има за цел да испрати силна порака до сите учесници во сообраќајот – дека брзината и адреналинот припаѓаат на тркачките патеки, а улиците се за безбедно и одговорно возење.
Поддржувајќи ја оваа иницијатива, апелирам до сите граѓани да се однесуваат одговорно како учесници во сообраќајот и да придонесат кон поголема безбедност за сите. – Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.