Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

ТОШКОВСКИ: ПОЛИЦИЈАТА КАЗНИЛА НЕДОЛЖЕН ГРАЃАНИН НАМЕСТО БРАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТЕФКОВСКИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека ќе има кривична одговорност за полицаецот кој дал наредба да не се казни братот на градоначалникот на Гази Баба за сторен сообраќаен прекршок. Наместо него, санкциониран бил друг граѓанин кој немал никаква поврзаност со инцидентот.

Скандалот го откри опозицискиот СДСМ, кој објави дека Далибор Стефковски – братот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, возел со преголема брзина на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, но кога бил запрен од полицијата – не бил казнет. Како што рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, Стефковски веднаш се јавил на началник од МВР и наместо да биде казнет, бил ослободен.

– Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена.

Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен, е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за внатрешни работи, со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави попладнево Тошковски за телевизија „Сител“.

Братот на градоначалникот на Гази Баба, кој возел со 88 километри на час на место на кое биле дозволени 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило. – Овој случај МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила.

Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност, рече Тошковски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ