Нови моторни возила за дел од единиците на полицијата, ја опремуваме и модернизираме цела македонска полиција.
Денеска во кругот на министерството за внатрешни работи официјално ги ставивме во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ, а во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија.
Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел.