- „Не би сакал да шпекулирам. Важно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето коешто го посочивте.
Истото имаше голем број изјави, споделени во рамките на медиумите, дека е чист како солза и дека нема сторено никакво кривично дело. Добро е ако е така, да се врати во Македонија, да се соочи со сите оние обвинувања коишто како такви ги доставивме до Јавното обвинителство, а Јавното обвинителство отвори истрага и добро е секој еден којшто е соочен пред лицето на правдата да го докаже тоа во соодветна процесна постапка“.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за 360 степени.