На денешната прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада, министерот за внатрепби работи Панче Тошковски ги истакна и одлуките за исплаќање на финансиски средства за хранарина за подолга работа од три часа во ноќна смена, што во минатото предизвикувало генерирање огромен број тужби против министерството и промена на колективниот договор за финансиска награда за новороденче и кон полициските службеници од машки пол со тоа надминувајќи ја дискриминацијата која била правена порано со награда само на вработените од женски пол.
Во делот на дигитализација на процесите кој е еден од главните фокуси како на министерството така и на Владата, министерот ги истакна проектите како мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“ за постапување на полициските службеници по случаи за родово базирано насилство, новиот софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции и меморандумот за користење на системот „Безбеден град“ со над 220 надзорни камери во Кавадарци.