Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

ТОШКОВСКИ: ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ПРОТИВ МЕНЕ Е БЕЗ ОСНОВ, БЕЗ АРГУМЕНТИ СО ЧИН НА ОЧАЈ БЕЗ ОДГОВОРНОСТ, ПРОМЕНИТЕ СЕ ТУКА И ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА

Почитувани граѓани, во моментите кога државата е исправена пред своите најболни прашања, не смееме да дозволиме да не води ниту гневот, ниту стравот, ниту политичкиот профит.

Треба да нè води единствено обврската да ја кажеме вистината и да ја браниме правдата. Затоа јавно велам: Јас не бегам, не молчам, не се кријам. Јас останувам овде, со целата тежина на обврската што ја носам. Граѓаните имаат право да прашуваат. И имаат право да добијат одговори. Но никој нема право да ја злоупотребува болката за ситни политички поени.

Интерпелацијата која денес ја разгледуваме, без основа, без аргументи, е чин на очај, а не чин на одговорност. Оние кои ја поднесоа, и оние кои ја поддржуваат, сакаат да не вратат назад, во времињата на молк, на недопирливост и на заштита на привилегирани. Тоа нема да го дозволам. Ниту заради себе, ниту заради народот кој заслужува држава што се менува на подобро.

Почитувани семејства на настраданите, ви должиме повеќе од сочувство. Ви должиме систем што учи од трагедијата, а не ја заборава. Секој ден во оваа институција ќе биде заложба за тоа вашата болка да не остане нем сведок на заборавот. Ќе направиме сè што е во наша моќ за да изградиме држава што штити, држава што реагира навреме, држава што го става животот на граѓанинот пред сè.

Сакам да се обратам и на младите луѓе, вие сте најгласниот коректор на ова општество. Вашиот глас е нашиот будилник. Не молчете кога ќе видите неправда. Вие не се плашите да прашате, да објавите, да снимите. Нема да дозволам никој да ви го одземе правото на праведна, безбедна и фер држава.

До сите припадници на полицијата: постојат два вида службеници – оние што со чест ја носат униформата и оние што ја валкаат. На чесните им порачувам – вашата пожртвуваност ќе биде наградена. Вашата чесност ќе биде столб на новото МВР. А на оние кои ја злоупотребиле функцијата – повеќе нема заштита, нема молк, нема политички чадори. Ќе има одговорност – без оглед на функцијата, врските или историјата.

На крај, една порака за сите што ја користат трагедијата за да напаѓаат без основа: вие нема да ја скршите оваа волја за промена. Вашата политика на лаги и конструкции ќе биде победена од нашата политика на промени.

Ние нема да застанеме. Ќе работиме посветено за оние што ги загубивме, за иднината што ја должиме на генерациите кои доаѓаат, за честа на Македонија.

Промените се тука, одговорноста веќе се чувствува, правдата е реалност. И ќе се засилува со секој нов ден. Не затоа што е ветено, туку затоа што е неопходно ако сакаме да имаме нормална држава!

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ