ТОШКОВСКИ ЗА ПОНИШТЕНИТЕ НАРЕДБИ : „КАКО НЕ ИМ Е СРАМ, КАЈ СЕ ТОТАЛНО НЕИНФОРМИРАНИ, ПА УШТЕ И ДРСКИ“

0
213

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја обвини Владата дека прави преседан со тоа што поништува негова наредба на вработена во МВР, на доброволна основа, да биде вклучена во процесот на издавање документи.Техничкиот премиер Талат Џафери ја поништи одлуката на Тошкоски, бидејќи на неа немало потпис и од неговиот заменик Бојмацалиев.

„Владата се охрабри да поништи наредба што јас сум ја издал на колешка во МВР за да го тера процесот со фотографирање. Наредба на колешка, која на доброволна основа сака да помогне да се отвори пунктот во Ново Село, да функционира како што треба, за тие граѓани да може да бидат таму фотографирани, и Владата ја поништува. Па како не им е срам. Ај што се тотално неинформирани, правно непотковани, па уште и дрски да зборуваат за формални недостатоци“, рече Тошковски.