Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како гостин во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 одби да го коментира случајот со неодамнешниот физички напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.
Тошковски сепак рече дека во врска со случајот „не е таа теза која сака да се прикаже во јавноста“, без да образложи каква е тезата што според него се прикажува.
„Во однос на овој случај, не би да откривам детали, и се плашам дека не е таа теза која сака да се прикаже во јавноста, туку е сосема поинаку. Не би сакал да говорам во овој момент, во интерес на истрагата. Времето ќе покаже зошто сум воздржан за давање на овие изјави од страна на Сејдини“, рече Тошковски.
Претседателот на ФФМ пријави во полиција дека бил нападнат од тројца напаѓачи на паркингот на скопски ресторан. Инцидентот денеска го осуди и европската фудбалска федерација – УЕФА.