Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ТОШКОВСКИ : ДОКОЛКУ ИМА ПРЕДИЗВИЦИ НАСОЧЕНИ КОН ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА, ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРИМЕ

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

– Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина.

Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата, рече министерот.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ