Денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје дека ќе поднесе кривични пријави, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потенцираше дека е добро што „конечно после четири години решила да се разбуди од зимски сон“.„Можеби доставила кривични пријави, можеби не.
Добро е што градоначалничката на Скопје после четири години реши да се разбуди од зимски сон“, рече Тошковски одговорајќи на новинарско прашање, за време на посетата на полициската станица во Жеровјане во Општина Брвеница.