ТОШКОВСКИ : ВО РАМКИ НА ПОСЕТАТА НА ПОЛИЦИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО МАТЕЈЧЕ, ОТВОРИВМЕ НОВА КАНЦЕЛАРИЈА НА УПРАВНИТЕ СЛУЖБИ НА МВР, КОЈА ЌЕ ОВОЗМОЖИ ПОБРЗ ПРИСТАП НА ГРАЃАНИТЕ ОД ЛИПКОВСКИ ДО УСЛУГИТЕ НА МВР

0
47

Во рамки на посетата на Полициското одделение во Матејче, отворивме нова канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР.

Овој тип проекти кои се дизајнирани да овозможат подобра услуга и позадоволни граѓани, да можат да ги добијат своите услуги во рамки на општината во која живеат. До денес граѓаните на Општина Липково ова право можеа да го остварат во рамки на Општина Куманово а од денес ќе можат да си ги остварат своите права во рамки на својата општина, додека ќе дојде до намалување на гужвите во Општина Куманово.

Оваа, втора канцеларија за само неколку дена, претходната беше во Јегуновце, ќе овозможи пристап на над 25.000 граѓани од липковскиот регион побрзо вадење на личен документ и услуги кои ги нуди. Побрзиот и поефикасен пристап до услугите е поквалитетен живот за граѓаните, што е наша определба на новото раководство на МВР.