Friday, June 20, 2025
22.8 C
Skopje

ТОШКОВСКИ: БОРБАТА СО НЕДОЗВОЛЕНАТА ТРГОВИЈА СО ДРОГА ПРВ СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТ НА МВР

Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР.

Денеска се обратив на 16 сесија на Работната група 4 од Националната конвеција за Европската Унија во Македонија, платформа која низ годините се етаблира како сериозен и кредибилен простор за дијалог, анализа и препораки во процесот на европската интеграција.
|
Темата на дешната сесија „Предизвиците и перспективите на националнте политики за дроги и психотропни супстанци“ е тема која го засега секој сегмент од нашето општество.
Во повеќе наврати досега, и во јавноста и пред институциите, јавно сум потенцирал дека борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на Министерството за внатрешни работи. Не само поради нејзините последици врз младите и општественото здравје, туку и поради фактот што овој феномен претставува клучен извор на моќ и ресурси за организираните криминални групи.

Денешната сесија е потврда дека оваа борба мора да биде споделена, инклузивна и стратешки насочена. МВР како институција е на првата борбена линија во спречувањето на недозволената трговија со дрога и е секојдневно сведок на трансформациите и предизвиците кои ги носи овој феомен, од порастот на синтетичките супстанци и нивната достапност, до поврзаноста со организираниот крминал и транснационални мрежи.

Но, токму затоа е важно да истакнеме дека борбата против дрогата не се води само со апсења и заплени. Таа се води и со податоци, со научно утврдени политики, со превенција во училиштата, со програми за третман и социјална поддршка, со меѓусебна доверба меѓу институциите, и со постојана комуникација со граѓаните и заедницата.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ