Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

ТОТАЛНО ЛУДИЛО ВИРЕЕ ВО БЕЛАТА КУЌА – ТРАМП САКА ДА ГО ДЕПОРТИРА ИЛОН МАСК ОД САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја разгледа можноста за депортација на Елон Маск, најбогатиот човек во светот и извршен директор на Тесла и Спејс Екс, во услови на сè пожестока расправија меѓу двајцата некогаш најблиски соработници.

Дописничката на Дејли Меил, Емили Гудин, објави на Платформа Икс дека го прашала Трамп дали планира да го депортира Маск, на што претседателот одговорил: „Ќе мора да го разгледаме тоа“.

Подоцна, Трамп додаде: „Не знам. Ќе мора да видиме. Можеби ќе мора да испратиме DOGE kaj Елон. Знаете ли што е DOGE? DOGE е чудовиште кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Елон“.

Во последните денови, Трамп жестоко го нападна Маск поради неговата критика за сеопфатното намалување на даноците и законот за трошење, кој моментално го разгледува американскиот Сенат.

„Можеби треба да побараме од DOGE внимателно да ги разгледа субвенциите што ги добиле компаниите на Маск. Елон веројатно добил повеќе субвенции од кој било човек во историјата.

Без субвенциите, Елон веројатно би морал да ја затвори компанијата и да се врати во Јужна Африка. Крај на ракетите, сателитите или електричните автомобили.

Нашата земја би заштедила богатство!“, рече Трамп преку неговата платформа Truth Social.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ