Тотална манипулација е тврдењето на претставници на ДУИ дека мнозинството етнички Македонци гласале за ВМРО-ДПМНЕ

0
820

Тотална манипулација е тврдењето на претставници на ДУИ дека мнозинството етнички Македонци гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто ДУИ не ги брои Македонците што гласале за ВМРО за Македонија (24.524), Левица (12.120), Коалиција за правда и промени (10.028), ЛП (3.840)? Зошто не ги брои, кога мнозинството гласачи од овие над 50 илјади граѓани што гласале за промени во овие партии се етнички Македонци?

Зошто ДУИ не ги брои Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, па и Албанците што гласале за Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која е составена од 12 етнички партии на помалите заедници, за кои имаат гласано најмалку неколку десетици илјади граѓани кои не се етнички Македонци?

Ако ДУИ ги додаде опозициските гласови на етничките Македонци кои гласале за партиите што не се претставени во собранието, и ги одземе од ВМРО-ДПМНЕ неколку десетици илјади граѓани кои гласале за дузината етнички партии во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш можеби ќе сфати дека е крајно време да ги симне очилата со етнички диоптер кои ја спречуваат да ја согледа новата политичка реалност во Македонија.

Новата реалност не е само тоа дека најголем дел и од етничките Македонци гласале за промена на власта.

Туку, новата политичка реалност е дека крајно време е да престанеме да се делиме по етнички клуч и да ги анализираме политичките прилики преку очила со етнички диоптер.

Ако нешто покажаа овие избори, тоа е следново:

Мнозинството од граѓаните се за промени на власта, а апсолутното мнозинство од граѓаните во најголемите урбани средини во Македонија дадоа поддршка на СДСМ!

Фејсбук статус на Жарко Трајановски