Управата за Јавни Приходи вечерва влезе во просториите на локалот Cabaret Clique во Штип, каде што вечерва без дозвола од Министерството за фанинасии наградна игра организираат Бојан Јовановски алиас Боки 13 и Стефан Лазаров. – дознава Радио Лидер од извори во објектот.
Луѓе од терен за Радио Лидер брифираат дека инспекторите земале изјава од Бојан Јовановски, алиас Боки 13, кој како инвалид од прв степен, го води овој настан. Како што брифираат нашите извори, тој им рекол на инспекторите дека не е поврзан со настанот туку е само гостин, иако претходно беше водител на настанот.
-Јас сум само гостин ова е настан на Лазаров, тој треба да одговори на вашите прашања. – им кажал Јовановски на инспекторите од УЈП.