ТОТАЛЕН ХАОС ВО ВМРО ДПМНЕ: ВРИЕ И ВО УНИЈА НА ЖЕНИ, ГОЛЕМО НЕЗАДОВОЛСТВО И ТАМУ ЗА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗБОР НА ШЕФИЦА НА УНИЈА НА ЖЕНИ!

0
5566

Информација за претседателка на унијата на жени од анонимни читатели на Мактел.мк

Забелешка: Почитувани, би ве замолиле за анонимност ако ја пренесете информацијата.

Интервјуата завршија, а апсолутен фаворит кај Мицкоски е Ружица Николовска, која е слабо позната на членството и е тотален анонимус.

Кадар на Мицкоски, но нема репутација помеѓу жените, но нема ниту кај останатите членови на партијата.

Се појави на листа за изборите на недобитно место, а е многу форсирана на прес конференции и изјави за медиуми, а неодамна и како говорничка на последниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. Досега се покажало дека ваквите недоносени јајца создаваат раздор во ВМРО-ДПМНЕ, а токму тоа му одговара на Заев во овој момент. Намерно? Најверојатно, со оглед на тоа дека Николовска веќе некое време самоуверено се фали дека веќе ја добила функцијата.

Веднаш по неа е Жаклина Пешевска.

Жаклина Пешевска е кадар на Даниела Рангелова, па ако успее да стане претседателка, Унијата на жени повторно би била во рацете на Рангелова. Сопругот на Пешевска неодамна замина во затвор поради настаните од 27 април во Собрание. Пешевска би била совршеното скриено јајце и адут на Рангелова во партијата за да може да делува преку неа кога таа ќе го добие местото претседателка на УЖ. Пешевска е и долгогодишна Претседателка на УЖ ОК Гази Баба, па членството ја знае и донекаде ја почитува и симпатизира со неа поради жртвата која ја понесе нејзиниот сопруг.

Од останатите кандидатки се истакнува и Анастасија Илиевска, досегашна членка на ИК на УЖ, која досега аплицирала на секој оглас за УЖ, но шансите и се реално најслаби поради тоа што Мицкоски веќе размислувал помеѓу двете горе-спомнати кандидатки.

Се спомнува и блиската пријателка на Игор Јанушев, Ели Панова, но со оглед на тоа дека Јанушев повеќе не е генерален секретар најверојатно таа можност е изгубена.

Се очекува новата претседателка да биде назначена во текот на неделата на состанок на ЦК на партијата.