ТОТАЛЕН РАСПАД НА ГРОМ, РАСКОЛИ ПУКААТ ПО СИТЕ ШЕВОВИ

0
2301

Зоран Поповски, член на Извршниот одбор на ГРОМ и претседателски кандидат во 2014 година, се спротивстави јавно на потегот на оваа партија да влезе во предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Утрински весник.

Откако органите на ГРОМ одлучија партијата да настапи заедно со ВМРО-ДПМНЕ на избори на 5 јуни, Поповски реагираше преку социјалните мрежи дека неговата партија се трансформира во „шрафче од машинеријата“.

„Влегувањето на ГРОМ во предизборна коалиција е можен крај на една искрена приказна за политичка групација која пропушти историска шанса да биде совест на политичката сцена во Македонија. Од мала, но модерна и просперитетна партија, ГРОМ се претвори во шрафче од машинерија. Изгледа дека граѓаните ќе мора да попричекаат уште бајаги за да добијат свој адвокат и мегафон кој ќе ги штити од политичките киклопи кои своите препукувања секогаш ги прекршуваат преку нивниот грб. Одиме понатаму“, забележа Поповски.

Тој за Утрински изјавил дека не се дистанцира од ГРОМ по одлуката за приклучување на партијата кон повеќепартитната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, туку дека само го соопштил својот став за тој потег. Тој не присуствувал на седницата на Централниот одбор, кога била донесена одлуката за заеднички изборен настап, бидејќи, како што рекол, бил на пат.