ТОТАЛЕН ПИЧВАЈЗ И НЕНОРМАЛНО ЛУДИЛО : ГРУЕВСКИ И МИЦКОСКИ ИЗГРАДИЛЕ ДВА СПРАТА ПОДЗЕМНИ ГАРАЖИ ВО НОВАТА ЗГРАДА НА ЕЛЕМ, АМА НЕМА ВЛЕЗ ЗА ВОЗИЛА?!?!

0
1540

Во мај 2017 г. тогашниот премиер Никола Груевски при посета на објектот на тогашниот директор на „Елем“, Христијан Мицкоски му објаснуваше дека објекот има три подземни нивоа со што се решава проблемот со паркирањето.

Навистина, има три нивоа паркинг под земја заедно со лифтови за возила, но нема начин како од улица да се стигне до лифтовите. За да стигне до лифтовите, плановите во времето на Никола Груевски предвидуваа да се уништи просторот за одмор и плочикот меѓу блиските станбени згради и таму да поминува улица.