ТОРТЕВСКИ : СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА НА САГЛАМ ОБВИНИТЕЛИТЕ ИМ БИЛО НАРЕДЕНО ДА НЕ ПОДНЕСУВААТ КАНДИДАТУРА

0
576

Поминаа неколку дена од изборот на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, а реакциите во јавноста се уште не запираат. Обвинителот Абази освои 66 гласа, односно за два повеќе од неговиот колега Ермон Незири. Обвинителката Вилма Русковска освои 14 гласа, а Деса Пауновска само десет.

И додека во јавноста се шпекулираше дека Абази е кандидат поддржан од ДУИ, тој демантираше, потенцирајќи дека никогаш не бил член на политичка партија, а од друга страна пак посочи дека на обвинителите не им е забрането или ограничено со кого да се дружат.  Адвокатот Александар Тортевски, во изјава за „Фокус“ коментира дека политиката со сигурност вмешала прсти и во последниот избор на шеф на Организиран.

-Сигурно имало политички притисок ама не во процесот на избор, туку во процесот на кандидирање. На саглам кандидатите им било наредено да не поднесуваат кандидатура и практично тие што гласале немале избор, вели Тортевски. Тој додава дека изборот не требало да се ограничи само на кандидати од Обвинителството. -Измените на законот со кои се утврди дека само од редот на обвинители се избира го стесни изборот и еве до што донесе, појаснува Тортевски.