ТОП ТРИ МИСЛЕЊА ЗОШТО ЛЕВИЦА ГЛАСА КОНТРА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

0
261
Меѓу топ 3 предлозите на вебсајтот МојГрад се наоѓа и прашањето со хаварисани возила. Но, тоа не е предложено за дискусија на денешната седница на Советот на Град Скопје од советничката на Левица, и наместо него е вклучен четвртиот предлог по број на гласови.

Зошто е тоа така? Затоа што меѓуопштинската соработка за хаварисани возила со сите скопски општини беше поставена за гласање во септември 2020 и тогаш Драгана Велковска гласаше против. Па затоа, за овој народен трибун е политички неопортуно да предлага барање на народот што самата го отфрлила пред неколку месеци. Може да се каже дека проблемот со хаварисани возила е и понатаму нерешен, меѓу другото, и заради гласот на советничката на Левица.

Ги повикувам добронамерните граѓани да им се обраќаат директно на службите на градот за своите иницијативи, сме покажале дека имаме слух многупати кога предлозите се квалитетни и спроведливи. Со такви иницијативи се започнати зелените кровови, графити галериите, зелените скверови, кампањите за стрништа, за 193, за воведување на ред на Водно…

Еве јас ќе се погрижам да ја предложам иницијативата за хаварисани возила на следната седница на Советот, па да видиме Драгана како ќе гласа тогаш. И да објасни зашто гласаше против пред неколку месеци.

Фејсбук статус на Никола Наумовски, Никса, советник на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.