ТОП ЛИСТА НАДРЕАЛИСТА КОМЕДИЈА НА ТВ24 : МИЦКОВСКИ И ПОСТАВИ 10 УСЛОВИ НА БУГАРИЈА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ?!?!

0
590

Во синоќешното интервју на ТВ 24 лидерот на ВМРО ДПМНЕ и постави десетина услови на Бугарија за ние да станеме членка на ЕУ:

– Бугарија да признае дека Гоце Делчев е Македонец
– Бугарија да признае дека илинденското востание го кренале македонци
– Бугарија да ги промени учебниците по историја и да учат дека Македонците се наследници на Античките Македонци
– Бугарија да ги регистрира ОМО Илинден Пирин како политичка организација на македонското малцинство
– Бугарија да го промени уставот и да ги внесе Македонците во уставот
– Бугарија да признае дека биле фашистички окупатор во втората светска војна
– Бугарија да престане да го нарекува македонскиот јазик – јазик според уставот на Северна Македонија
– Бугарија да дозволи да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија за да и помогнеме да биде подобра земја
– Бугарија да престане да ја краде македонската историја
– Бугарија да престане да шири пропаганда и говор на омраза против постоењето на македонскиот народ

Ако Бугарија го направи сето ова, ние ќе се согласиме да влеземе во ЕУ, ова го кажа Мицковски на ТВ 24, очигледно човекот никогаш не преговарал во животот за ништо со некој кој има поголема моќ од него.