ТОНИ ДЕЛКОВ: ИЗВРШИВМЕ УВИД НА ПРОЕКТОТ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 9 УЛИЦИ ВО ГРАД НЕГОТИНО

0
143

Изминатиот понеделник заедно со претставници на проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија, претставници на фирмата изведувач Ленди Груп од Скопје и надзорот Павер Трејд ДООЕЛ Кавадарци извршивме вовед во работа во рамки на проектот „ Реконструкција на 9 улици во град Неготино“.

👉 Проектот опфаќа реконструкција на улиците

📌 „ Вељко Влаховиќ “,
📌 „ Енгелсова “,
📌 „ Пиринска “,
📌 „ Првомајска “,
📌 „Тиквешка “,
📌 „ Вардарска“ ,
📌 „ Ѓоко Мишев “,
📌 „ Вано Ташев “
📌 и дел од улица „ Марксова.

💶 Вредноста на проектот изнесува 13.688.779 денари – проект финансиран со под-заем преку проектната единица на министерството за финансии на Република Северна Македонија во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги ( втор МСИП) поддржан од Меѓународната банка за обова и развој Светска банка.

⌛ Според информациите на надлежните се очекува реконструкцијата на улиците да започне во најкраток можен рок.

Фејсбук статус на градоначалникот на Неготино, Тони Делков.