👉 Во тек е изградба на кружен тек на улица „ Маршал Тито “ на спојот со улица Индустриска и улица „ Баба Ана Ташева “. Радиусот на кружниот тек ќе биде 10 метри, а двете коловозни ленти се со ширина од 5,5 метри.
🏗️ Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет ДОО “ Кавадарци, а надзор е фирмата „ Павер Трејд “ Кавадарци.
💶 Вкупната вредност на проектот изнесува 7.775.839 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
⚠️ Во текот на изградбата на кружниот тек, сообраќајот ќе се одвива согласно времениот сообраќаен проект.
Продолжуваме..
Фејсбук статус на градоначалникот на Неготино, Тони Делков.