Monday, February 17, 2025
2.8 C
Skopje

ТОМОВСКИ : ТЕНДЕРОТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Е СО ОЛЕСНЕТИ УСЛОВИ ЗА 50%, ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНЦИЈА СО ЗАШТЕДА НА ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ОД 500,000 ЕВРА

„Она што го зачекав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како тим уште веднаш отпочнавме со промена на неколку неправилности, омаловажувања во делот на работниците. Скратување тендерски набавки, сите јавни набавки условите ги симнавме најмалце за 50% за со тоа да ја зголемиме конкуренцијата и намалиме цената“, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на СОЗР Ивица Томовски во вчерашното гостување на телевизија Алфа.

Томовски продолжи и додаде:

„Јас бев свесен дека со таквиот мој чекор ќе паднам одма во очи на оние големи бизнисмени кои досега си ги добивале тендерите на максимална вредност, потплаќале некој во минатото што тоа нема да биде случај сега, ни во иднина додека раководам со таа институција“, вели Томовски.

Томовски посочи дека како директор на СОЗР има за цел да го заштеди буџетот на државата.

„Мојата цел како човек што е ставен на таа работна позиција е да го заштедам буџетот на државата. Со заштедување на буџетот на државата го заштедувам вашиот и мојот буџет и буџетот на граѓаните, а не на некоја приватна компанија“, укажа Томовски.

Томовски во врска со тендерот за обезбедување истакна дека направил олеснување на условите за 50%.

„Во врска со тендерот за обезбедување јас направив олеснување на условите за 50%, зголемена конкуренција и заштеда за државниот буџет од пола милион евра. Кога сме кај овој тендер во 2021 година имало само еден понудувач за обезбедување кој добил на максимална вредност“, дециден е Томовски.

ОВАА НЕДЕЛА

КАТАКЛИЗМА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА: ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ ЗАКИНТОС И КЕФАЛОНИЈА ПЛИВААТ ВО ВОДА

Во регионот на Јонското Море, kaj грчките острови Кефалонија...

ШТИПЈАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ПОП

Фото : Илустрација Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата...

ЗАЕДНИЧКА ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА НА МВР И ОПШТИНИТЕ КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците...

ДОКОЛКУ КОРИСТИТЕ ФЕЈСБУК, ВНИМАВАЈТЕ НА ОВАА ИЗМАМА

Check Point Research (CPR) предупреди на нова кампања за...

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ПОРАДИ МАГЛА НА СТРАЖА

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,...

СПОРЕД БЛУМБЕРГ ТРАМП САКА ДА ПОСТИГНЕ МИР ВО УКРАИНА ДО ВЕЛИГДЕН

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне...

ВЛАДАТА НЕДЕЛАВА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛОГОТ НА КОМОРАТА НА ТРГОВЦИ

Министерството за економија и труд неделава се очекува да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ