Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

ТОМОВСКИ : СИТЕ СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ЌЕ ДОБИЈАТ ОБЕЛЕЖАНИ ТАБЛИЦИ, ЌЕ ВОВЕДЕМЕ И ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ КАДЕ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ЈА ПРИЈАВУВААТ НИВНАТА ЗЛОУПОТРЕБА

„Кога влеговме во СОЗР не најдовме ни малку поразлично нешто од другите институции. Начекавме хаотична ситуација, девастирани институции и начекавме демотивирани работници во СОЗР. Имаме три ресторани во Владата, Собранието и Клуб на пратеници, тие ресторани немаа основни намирници за непречено да функционираат секојдневно и штетни договори. Начекавме ресторани кои немаат фискални апарати“, истакна директорот на Служба за општи и заеднички работи при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски.

Томовски продолжи и додаде:

„Од 01.01.2024 година до 01.07.2024 кога практично СДСМ е на власт направиле промет од 73 илјади денари, толку имаат донесено по фискална сметка на СОЗР и сега за неполни четири месеци од 01.07.2024 до 01.11.2024 имаме промет од 585 илјади денари. Може да замислите што се се’ случувало“, истакна Томовски.
Томовски  посочи дека од вкупно 120 возила во сопственост на СОЗР само 10 биле функционални.

„Ние како СОЗР ги опслужуваме сите вип личности со 45 шкоди секој три години се обновуваат на оперативен лизинг и имаме плус уште 120 возила кои се во наша сопственост на СОЗР. Кога го преземавме кормилото на службата функционираа 10, а останатите 110 возила не се грижеле и сервисирале воопшто од тие 110 ги ставивме барем 50% проценти во функција, а за останатите отпочната постапка за продажба според закон“, посочи Томовски.

Томовски укажа дека сите службени возила ќе добијат таблици и тогаш нема да има злоупотреба на службените возила. Заради таа намена ќе воведеме и телефонски линии каде ќе може да се пријавува злоупотреба, а ние соодветно да постапуваме после пријавите.

„Ние одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека на потпис на министерот за внатрешни работи. Тие специјални таблици бројат околу 6,500 за сите возила на територија на цела Македонија“, вели Томовски.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ