Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ТОМОВСКИ : ПАКЕТОТ НА МЕРКИ НА ВЛАДАТА Е ПОТКУП ПРЕД ИЗБОРИ СО КОИ ГО ПОТЦЕНУВААТ НАРОДОТ

„Пакет на мерки кои спреми Владата на Ковачевски и Ахмети не е ништо друго туку пакет за евтин предизборен поткуп кој доаѓа на само неколку месеци пред двојните парламентарни и претседателски избори. Овој пакет на мерки не е за системска помош на најранливите категории граѓани, туку за очигледен евтин поткуп на гласови. Со овој пакет на мерки не се носат системски мерки кои значително ќе ја подобрат положбата на пензионерите, социјално загрозените и семејствата со ниски примања туку се врши еднократен поткуп на гласови, со пари кои оваа Влада ги задолжува сите граѓани. Го зголемија долгот за да поткупуваат гласови“ рече денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој напомена дека „со овој пакет на мерки Владата и официјално признава дека владее огромна сиромаштија, дека пензионерите и голем број на семејства се доведени до работ на егзистенција“.
„Суштината и главната поента е што Владата троши 2 милијарди евра за градба на коридори преку фирми на ДУИ и СДС, троши тешки милиони евра за копање во РЕК Битола и компаниите и бизнисите на власта работат одлично, а ваму, за народот даваат по 500 и 1.000 денари за да помогнат. Тој поткуп кој оваа власт го вика помош од 500 и 1.000 денари не вредат ништо кога инфлацијата е двоцифрена, кога сите производи за мала потрошувачка по продавниците вртоглаво растат, кога храната е поскапена за 200% и затоа оваа власт го потценува народот со овој поткуп“ вели Томовски.

Истакна дека „милиони за тендери и полнење на џебовите на власта, 1000-ка и 500 денари за народот. Во земјава на крајот на годината ќе има околу 600.000 луѓе кои живеат во сиромаштија, што е секој трет човек, со само 60 денари на ден преживуваат 80.000 граѓани, а со 150 денари 600.000 граѓани и на крај една порака до сите граѓани, земете ги парите кои ги нудат, и добро знаете што треба да направите зад параванот за гласање на денот на избори“.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ