Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

ТОМОВСКИ ЗА 360 СТЕПЕНИ: ДОЦНИМЕ, НО ДРЖАВНИТЕ ВОЗИЛА НАСКОРО ЌЕ ДОБИЈАТ ТАБЛИЧКИ ВО БОЈА

Тендерот за набавка е објавен. Моментално е во Бирото за јавни набавки кадешто, според новиот закон, треба да се добие позитивно или негативно мислење.

360°: На 8 декември 2024, објавивме сторија дека многу скоро на владина седница требаше да се разгледа Правилникот според кој таблиците на државните возила треба да бидат означени со црвено-жолта боја. Проценките беа дека тие таблици ќе се најдат на улиците за четири месеци.  Дали е разгледа и прифатен Правилникот од страна на Владата?

Томовски: Ние отпочнавме една постапка, формиравме една работна група, одржавме неколку работни состаноци со работната група. Требаше да тераме два процеси паралелно. Едниот процес е специјални таблици, таблици во боја, а вториот процес е Регистар на возила којшто го немаме во државата моментално.

Одлучивме да ги одвоиме тие два процеси бидејќи Регистарот на возила бара повеќе ресурси, повеќе луѓе, повеќе време за работа, додека делот за регистарските таблици е пократок и може да се заврши побрзо. Направивме еден Правилник којшто го направивме со работната група. Беше даден на консултација во Секретаријат за законодавство и добивме позитивно мислење. Го потпиша министерот за внатрешни работи. Го поминавме и на Влада официјално како што треба.

После тоа имаше некакви измени на Законот за јавни набавки и од тие причини се одолговлечи малку процесот, односно не завршивме за оние четири месеци коишто ни беа предвидени, но постапката се уште трае. Моментално е во МВР. Тендерот е објавен за набавка на бојата, со соодветната боја која ние ја имавме предвидено. Останува истата боја, црвено-жолта.

Практично како знамето на Македонија. Тоа ќе биде црвено-портокалва таква е нијансата. Моментално е во Биро за јавни набавки кадешто  според новиот закон треба да се одобри позитивно или негативно врз основа на набавка на тие бои.

Тоа е веќе процедура и трае. Штом заврши, очекуваме дека за скоро време ќе заврши, штом заврши со заклучок на Влада односно со задолжение на Влада ќе ги задолжиме сите државни и општински институции коишто имаат државни возила и се во сопственост на државата да во рок од 30 денови ги променат сите таблици.

360°: Бирото што треба да одобри? Бојата?

Томовски: Не, треба да одобри дали постапката ги запазила сите законски норми. И сеа рачунајте од секаде, цела држава поднесува до Бирото мислење за тендери коишо се над 15-20 милиони и заради тој податок процесот е малку одолговлечен.

Извор : 360степени, повеќе ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ