Од Фудбалскиот сојуз на Англија утрово потврдија дека Томас Тухел ќе биде нов селектор на репрезентацијата и наследник на Герет Саутгејт, меѓутоа набрзо по објавата пристигнаа и првите негативни коментари.
Медиумот „Дејли Мејл“ на насловната страна објави фотографија од Тухел под наслов „Црн Ден за Англија“. Критики за Тухел испрати и еден од најискусните тренери на Островот, Хари Реднап.
„Тухел нема некој посебен успех. Брзо губеше работа во одредени клубови. Патриотски сум настроен и сметам дека треба да имаме англиски менаџер, но очигледно и изборот беше мл. Англичаните сега немаат многу шанса да се докажат во Премиер лигата затоа што странските сопственици носат странски менаџери. Во Премиер лигата имаме само двајца-тројца англиски тренери“.
„Тухел е далеку од Клоп кој имаше успех со Ливерпул. Треба да имате малку здрав разум и да изберете вистинските играчи на вистинските позиции. Не знам дали Тухел е способен за такво нешто“, изјави Реднап.
Селекторската функција, Тухел ќе започне да ја извршува од 1 јануари 2025 година, а пристигнува како наследник на Герет Саутгејт кој замина по Европското првенство. Договорот кој го потпиша Германецот има важност 18 месеци, односно до Мундијалот во 2026 година.