ТОЛКУ ОД ЛАГАТА НА ГРУЕВЦИ ДЕКА ЗАЕВ НЕМА ДА ИМ ИСПЛАТИ СУБВЕНЦИИ НА ТУТУНАРИТЕ : Почнува исплатата на субвенциите за тутунот

0
1847

Почнува исплатата на субвенциите за тутунот. Во Министерството за финансии се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Николовски, земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.

 – По речиси еден месец успеавме да ги деблокираме процесите за да почне исплатата на финансиската поддршка. За само еден и пол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.