ТОЛКУ Е ДОЛГО РАЧЕТО НА ВМРО ШТО БРЦАЛО КАЈ СТИГНАЛО ПО ТОА КАЦИТЕ СО МЕД 12 ГОДИНИ – СДСМ : КОЛКУ ЧИНЕШЕ ПРОПАДНАТАТА ЗАБАВА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ФИЛХАРМОНИЈА?!

0
1509

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се жалат и нивните градоначалници дека општините немале пари.

Колку пари чинеше вчерашната пропадната партиска забава на ВМОР-ДПМНЕ? Со кои пари беше финансирана?

Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано бараат средства, нивната партија се луксузира со прослави и отчети за 100 дена, снима спотови и организира настани каде промовира неработење и партизација на општините.

Општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза, мора целосно да ги намалат непродуктивните трошоци и да се однесуваат одговорно кон парите на граѓаните.

Во спротивно да престанат да се жалат, Владата не е должна да ги поддржува институциите кои вака се однесуваат.