Тодор Петров претепан по осветувањето на крстот во Бутел!

0
664

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес,  еден од донаторите на крстот, кој утрово беше осветен во Општината Бутел бил претепан од непознати лица, потврдија од Министертсвото за внатрешни работи.

Како што јавуваат медиумите, Петров бил претепан по завршувањето на настанот на кој тој одржа говор.

Во моментов тој се наоѓа на Ургентниот центар каде му се вршат компјутерски иследувања, по кои ќе се направи проценка за дали ќе биде задржен на понатамошно болничко лекување.

Од МВР соопштија дека подоцна ќе излезат со повеќе детали за овој настан.