Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

ТОДОРОВСКА: НАРОДОТ ВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВА, МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ИЗМЕЌАРИ КАЈ МИЦКОСКИ ЗА ДА СЕ СПАСИ ОД ПРОГОН

Прес-конференција, Соња Тодоровска, ОО СДСМ Куманово

Скандалот со повлекувањето на Обвинителството во случајот против Максим Димитриевски ја откири целата вистина.
 
Максо доби награда од Мицкоски за предавството што го изврши.
Се покажа зошто Димитриевски влезе во коалиција со Христијан Мицкоски? За да се спаси себеси од одговорност и судски прогон.
Тројанскиот коњ е конечно разобличен.
Сите криминали на Димитриевски се под заштита на власта на Мицкоски кој целосно го контролира.
Максим не е коалициски партнер. Тој е декор, инструмент. Политичка маска.
Единственото што функционира во неговиот политички ангажман се бизнис интересите и внатрешните шеми за функции, тендери и влијание. Толку.
Максим Димитриевски не е алтернатива. Тој е измама која граѓаните ја прочитаа и повеќе не му веруваат.
На Куманово ниту на Македонија не и се потребни такви ликови. Ни требаат чесни луѓе, со став, со интегритет, со принципи.
Куманово заслужува повеќе и подобро.  Куманово заслужува правда, а не политички пазари со Обвинителството.
Правдата може да биде одложена, но нема да биде избегната. Одговорност ќе има – кога тогаш.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: ТОШКОВСКИ ДА СИ ОДИ ВЕДНАШ, ТОЈ Е ЗАШТИТНИК НА МАФИЈАТА И НАСИЛНИЦИТЕ

Прес-конференција, Богданка Кузеака, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, Вчерашниот инцидент во...

ЈЕВТИМОВ: ВО ДОЈРАН НЕ СЕ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА ОПШТИНАТА, ТУКУ ВО ИНТЕРЕС НА СДС

Прес-конференција на Дарко Јевтимов Почитувани граѓани на Општина Дојран, Наназад 8...

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА, А МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЗАКАНУВАЧОТ

Откако денеска скопското обвинителство информираше дека двајца граѓани се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ