ТИПИЧНА ВМРО ПИАР ШКОЛА, НА ОВИЕ ОД АЛИЈАНСА ТАЧИ И ГРУЈО ДА НЕ ИМ СЕ МЕНТОРИ ЗА ШИРЕЊЕ НА ЕТНИЧКА ПОДЕЛБА КАЈ АЛБАНЦИТЕ – СИНАНИ ОД АА : ,,ВО АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ НЕМА ГЛАСАЧ ШТО ЌЕ ГЛАСА ЗА МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА

0
893

Вечерва во предизборна дебата на ТВ21 беа кандидатите за градоначалници на Арачиново, Ридван Ибрахими од ДУИ и Наим Синани од АА-ААА.

На прашањето дали се подготвени да се поддржат меѓусебно ако едниот не помине во вториот круг на локалните избори, кандидатите Ибрахими и Синани одговорија со „да“.

„Во Алијанса за Албанците нема гласач кој ќе гласа за македонска партија. Значи ние тежнееме кон победата, но за нас победа е и победата на кандидатите на албанските партии“, кажа Синани, кандидатот на Алијанса за Албанците.

Третиот кандидат за оваа општина е Миликије Халими кандидирана од СДСМ, но таа вечерва не дојде во предизборбата дебатна емисија на ТВ21, иако беше поканета.

Извор : ТВ21