Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

ТИМЧО МУЦУНСКИ СО НЕГОВИОТ КОЛЕГА ЧЕШКИОТ МИНИСТЕР РАЗГОВАРАА ЗА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Во рамки на работната посета на Чешка, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски. Посетата ја одразува нашата посветеност кон градење на цврсто партнерство, засновано на меѓусебно почитување и заеднички вредности.

На средбата двете страни го поздравија динамичниот и континуиран политички дијалог помеѓу двете земји и одличната билатерална соработка која трае веќе 30 години. Дополнително, беа изразени заемни заложби за интензивирање на економската соработка, а во таа насока, покрај денешниот бизнис форум, беше инициран и голем економски настан кој ќе биде одлична можност за продлабочување на соработката меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за низа важни прашања, вклучувајќи трговија, миграција, како и културна и образовна соработка.

Фокусот на разговорите беше ставен и на актуелните геополитички прашања, особено агресијата на Русија врз Украина, при што беше најавено продлабочување на соработката во полето на меѓународното право.

Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и јасна поддршка од Република Чешка за пристапниот процес на нашата земја кон ЕУ, рефлектирана и преку нејзината активна улога во Вишеградската група и групата Пријатели на Западен Балкан.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ