Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

ТИМЧО МУЦУНСКИ СО БУКЕТ ЦВЕЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА МИНИСТЕРКАТА ЗА МЕЃУНАРОДНИ РАБОТИ НА АВСТРИЈА, БЕАТЕ МАЈНЛ-РЕЈСИНГЕР

Добредојде за министерка за европски и меѓународни работи на Австрија, Beate Meinl-Reisinger во Скопје.

Чест ми е што денес во Скопје ја пречекувам министерката за надворешни работи на Австрија, мојата ценета колешка Беате Мајнл-Рајсингер. Посетата е уште една потврда за блиските и стабилни односи меѓу нашите држави, како и за довербата која ја градиме долги години.

Односите меѓу двете земји се одлични – политички конзистентни, економски силни и исполнети со заемна почит и поддршка. Австрија е најголем странски инвеститор, што говори за длабочината на нашата економска соработка и за довербата во институциите.

Особено ја цениме принципиелната и континуирана поддршка за европската интеграција на нашата држава и на целиот регион. Како носител на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, Австрија игра клучна улога во одржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската унија.

Изразив искрена благодарност за брзата реакција и несебичната поддршка што ја добивме по трагичниот настан во Кочани, кога нашите сограѓани беа згрижени и лекувани во болници во Виена и Грац – гест што длабоко го цениме.

Во време на глобални предизвици, координацијата и солидарноста меѓу партнерите е неопходна. Нашата држава и Австрија стојат заедно на страната на мирот, почитта кон меѓународното јавно право и одбраната на основните демократски вредности.

Фејсбук статус на министерот за надворешна политика и трговија, Тимчо Муцунски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ