ТИМЧО МУЦУНСКИ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА РОМАНИЈА, АДЕЛА МОНИКА АКСИНТЕ, ТЕМА НА РАЗГОВОР СЕКТОРСКА И БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ

0
41

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

 На средбата беа потврдени традиционалните и пријателски односи меѓу двете држави кои и во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат, со посебен фокус на економската соработка. Воедно, се истакна и динамиката на билатералната соработка, почнувајќи од политичкиот дијалог, секторската соработка и нашата тесна соработка во регионалните иницијативи.

 Тема на разговорите беше и интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека понатамошното проширување на Европската Унија не е само поттик за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки. 

Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Романија за нашето членство во Европската Унија, како и за нивната подготвеност да понудат помош во конкретни области кои се од наш интерес. Соговорниците се осврнаа и на сојузништвото во рамки на НАТО, и потребата од зајакнување на соработката во контекст на безбедносните предизвици пред кои сме исправени.