ТИМЧО МУЦУНСКИ ГО ПОВИКА ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ПОРАДИ ФИНАНСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ?!

0
395

Mинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, поради финансиски малверзации но и непостапување по добиените насоки, го повика Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН на консултации. Ова се толкува како негово отповикување, јави ТВ Канал 5.

Причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиска недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва, се повикува Канал 5 на нивниот извор. Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.

„Дополнително дознаваме дека финансиската недисциплина е поврзана со затајување на материјални средства од сукцесија на објекти и трошење на финансиски средства спротивно на постапките и процедурите во Министерството за надворешни работи“, јавува телевизијата.

Актуелниот амбасадор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски пред две години не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.

Извор : МКД.МК