ТИМОНИЕ ПО СТАПКИТЕ НА ПОЛ ВОЛЕРС ДЛАБОКО ВО ГАЗОТ НА ВМРОНИТЕ : ПРЕПОРАКАТА ЗА ЕУ ВИСИ ПОРАДИ НАЧИНОТ НА КОЈ Е ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

0
862

„Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава. Во период кога земјите членки на ЕУ треба да се произнесат за препораката за преговори, посебно за условеноста на препораката, ќе се постави прашањето дали агендата на Прибе ќе биде брзо усвоена и формално ќе се отвори и прашањето за почитување на Копенхашките критериуми. Европската унија може да интегрира само функционални демократии“, кажа Тимоние.