Во гимназијата Ванчо Прќе во Виница беше пречекан тивкиот херој 19-годишниот Јован Костадинов.
Учениците носеа транспаренти и бели балони, а му дадоа и голем аплауз за неговото херојство во кое спаси 21 лице од страшниот пожар во дискотеката во Кочани.
За неговото херојство по трагедијата се пишуваше многу низ социјалните мрежи, електронските медиуми како и се говореше на телевизиите. За она што Јован го направил таа кобна ноќ народот вечно ќе му биде благодарен.