Тешки МУНГОСИ начукани и во Агенцијата за медиуми : МРТ известува професионално!

0
677

Со четири гласа против, еден за, и двајца воздржани Агенцијата за медиуми го отфрли барањето на членот на советот Зоран Фиданоски да се упати јавен повик до МРТ во кој како тело ќе побараат јавниот сервис да се придржува до законските одредби за професионално и непристрасно информирање.

kokoshki-mrtv

Зоран Фиданоски рече дека јавниот сервис одговара пред граѓаните а тие пак имаат право да бидат целосно и професионално информирани.

Повод за реакцијата на Фиданоски е непрофесионалното извествување на МРТ за бомбите на опозицијата и серизоните обвинувања за криминал кој според него јабниот сервис успешно ги прикривиал повикувај ќи се на соопштение од јавен обвинител.

Според него уредничкиот тим на МТВ 1 не смее да ги игнорира прес конференциите на опозицијата каде се објавуваат прислушувани разговори на челниците од власта а да се пуштаат во програма видеата од средбите на Груевски и Заев кој се снимени со посебни истражни мерки и се забранети за пуштање во програма но и предвидуваат затворски казни.

Алма Машовиќ пак иницијативата на Фиданоски ја оквалификува како обид тој да собере политички поени на сметка на советот. Таа смета дека МРТ работи професионално и непристрасно. За Машовиќ непрофесионално било тоа што телевизија Алсат ја цензурирала емисијата на Васко Ефтов но и дека според неа говор на омраза во дебата покажал Никола Гелевски.

Преставникот на МАН во советот Лазар Трајчев рече дека советот не смее да се меша во политика а известувањето на јавниот сервис го оквалификува како професионално и непристрасно.

Заменикот претседател на советот на Агенцијата Милаим Фетаи објасни дека внимателно го следел известувањето на МТВ 2 и според него таму биле пуштани прес конференциите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев каде обвинува за криминални дејанија на премиерот Никола Груевски и неговите министри.

По долга дебата без да ги коментираат постапките на МТВ 1 каде се пуштија видеата од ПИ-мерки од кабинетот на Никола Груевски но и оние со заштитениот сведок со Љубе Бошкоски, Лазар Трајчев, Лазо Петрушески, Алма Машовиќ и Методија Јанчевски гласаа против тоа да се упати јавен повик до МРТ да ги почитува законите и да известува професионално.

Воздржани беа Милаим Фетаи и Селвер Ајдини додека за гласаше само преставникот на ЗНМ во советот Зоран Фиданоски.