Фото : Охрид1
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва наспроти зградата на охридската гимназија, кога автомобил марка „Голф 7“ излетал од коловозот и удрил двајца пешаци – маж и жена – кои се движеле по тротоарот.
Жената починала на лице место, додека мажот е со тешки повреди и во критична состојба е пренесен во болница.
Според првични, неофицијални информации, возачот не поседувал возачка дозвола. Полицијата изврши увид, а истрагата е во тек за да се утврдат сите околности поврзани со трагичниот настан што ја потресе охридската јавност.
Извор : Охрид1