Теута Арифи ГО ИСТРГА ЗА УШИ Али Ахмети : Принципот „победник со победник” не е спомнат во Мајскиот договор, а ДУИ го нема и легитимитетот на албанските гласачи за да се повикува на овој принцип!

0
1431

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи ја потврди вчерашната вест објавена на Алсат-М телевизија, дека принципот „победникот со победникот“ не е спомнат во Мајскиот договор од 2007 година.

Арифи смета дека по изборните резултати, неправедно би било нејзината партија да се повикува на овој принцип, бидејќи го нема легитимитетот на албанските гласачи.

– Тој договор има пет точки, а во петтата точка се вели дека по надминувањето на кризата и по враќањето на ДУИ во Собранието ќе се разговара за формите на составување на влада.

Значи не е прецизен. Тоа во овој момент е тешко да се спроведе или речиси е неспроведливо, со оглед на фактот што тоа не се подразбира на прецизен начин, таму не е прецизирано дека треба да имаме две јасни мнозинства.

Тргнувајќи од фактот дека ние немаме апсолутен легитимитет за спроведување на овој принцип, тоа е многу тешко да се спроведе – изјави Арифи.