ТЕТОВЕЦ ПУКАЛ НА СЕМЕЈНА ВЕСЕЛБА, КУРШУМ ЗАВРШИЛ ВО КУЌА НА СОСЕЛАНЕЦ

0
209

Полицијата извести дека вчера во 22.25 часот во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го уапсиле 43-годишниот Ј.Ј. од ова село.

-Лицето е уапсено затоа што на неговата семејна веселба околу 21.15 часот било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот, информира МВР.

Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во полициската станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.