ТЕТОВАСОТ : АЛИЈАНСА ГО БАРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ПРАВДА, МАКЕДОНСКА ПОШТА, ФОНД ЗА ПЕНЗИСКО, МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ, ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

0
383

Владината коалиција предводена од СДСМ и ДУИ синоќа му доставил на Алијанса за Албанците две понуди за совладеење, пишува порталот Тетовасот.
Според извори на порталот од Алијанса за Албанците, една понуда е за совладеење со СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива е доколку Алетренатива остане во Владата, Алијанса да ги води Министерството за здравство и Министерството за правда и двајца вицеминистри како и директорските места во Фондот за пензиско, Македонска пошта, Матична книги, државниот правобранител и Македонски железницата.

Втората понуда, како што пишува порталот, е доколку Алтернатива не остане во владата, Алијанса да води тројца министри и двајца вицеминистри, Министерството за здравство, правда и администрација и сите дирекции што ги имаше Алтернатива.Според порталот, понудата е конечна и се очекува таа да биде официјализирана на партискиот состанокот на Алијанса за Албанците во сабота.