Тест на издржливост: Xiaomi Redmi Note 2!

0
502

Кинескиот Xiaomi навистина направи одличен потег и бум на пазарот со новиот модел Redmi Note 2. За екстремно ниска цена, добивате одлични перформанси…

101645maxresdefault

Засега, телефонот е достапен во Кина, но би требало набргу да се појави и на нашиот пазар преку hi.com.mk. За ниска цена од околу 140 евра, добивате уред со огромен 5,5 инчен екран на допир со IPS панел и FullHD резолуција од 1920 x 1080 пиксели, додека во внатрешноста се наоѓа octa-core MediaTek Helio X10 процесор со 64-битна архитектура кој работи на 2,2GHz.

Перформансите се дополнети со 2GB RAM и простор за складирање на податоци од 16GB, кој може да го проширите преку MicroSD картичка. Тука е и задната камера од 13 мегапиксели, како и предната камера од 5 мегапиксели.

За тестирање, уредот беше потопен и потоа фрлен од височина од 1,5 и 1,8 метри. Погледнете како се покажа!