Теророт во Веибо Груп – Крива Паланка врз вработените продолжува

0
1279

Вработените во Веибо Груп – Крива Паланка по цела недела останувале на работа без ден одмор. Еден од “шефовите” од Веибо Груп по име  Мурат им се заканувал на вработените, ако не останале на работното место до 19 часот иако работното време им  е до 15 часот од наредниот ден да си седеле дома. Исто така “шефицата на погон” ги малтретирала вработените во Веибо Груп да останат два часа подолго од работното време но истото немало да им биде платено. Исто така  им било кажано дека од наредниот понедленик секој ден ќе останувале подолго на работа со изговор дека ќе работеле на наводна “поправка”. На вработените на споменатата конфекција им било скратено правото за идење во тоалет. Наводниот “шеф” Мурат во фабриката исто така настапувал и како воспитувач им било скратено правото и да не се гледаат вработените меѓусебе, притоа правел список за отпуштање од работа а причината за тоа била затоа што вработените несмејале да разговарале меѓусебе ни за работните обврски. За оправданите и најавените одсуства од работа , вработените биле најстрого казнувани со отпуштање од работа , но имало и група блиска до фирмата која биле толерирани цело време.
Вработен во Веибо Груп – Крива Паланка прашува дали постои Трудова инспекција и дали и кога ќе се појават на тој терен?
Ова го сведочи вработен во Веибо Груп – Крива Паланка кој доброволно се јави за да каже со какви мерки се служат врз вработените притоа не замоли вработениот да остане анонимен затоа што можеби и тој ќе биде отпуштен.